Кепеска: Со Договорот со Грција се негираат сите научни факти и сознанија за македонската нација

АКЦИЈА

Професорката Јованка Кепевска, во емисијата „Алфаскоп“ денеска истакна дека со потпишувањето на Договорот со Грција, македнската влада ги негира сите научни факти и сознанија кои што се создадени во однос на македонаката нација.

-Ова е негација на сите научни факти и сознанија кои што се создадени во однос на македонската нација. Исто така, и негација на сиот ангажман што јавноста го имаше во дадениот период кога и фактички се одвиваа преговорите кои не беа ислушани, а можеа да бидат ислушани и да го подобрат овој договор со Грција, рече Кепеска.

Кепеска рече дека огромен број на граѓани не се сложуваат со Договорот кој го спроведува Владата на Македонија со Грција. Таа истакна дека огромен број на граѓани, преку протести веќе подолго време и укажуваат на владата дека не сакаат да бидат Северномакедонци. Кепеска го праша премиерот Заев, дали огромен број на граѓани кои не сакаат да бидат Северномакедонци, ќе бидат во илегала Македонци?.

-Што сме ние што не сакаме да бидеме Сверномакедонци? Ќе бидеме во илегала Македонци? Што тоа значи? А знае ли тој што тоа значи овој прблем? Па не е тоа поединец само, тоа се огромени групи на луѓе. Погледајте излегуваат толку народ а му се укажуваше потполно е свесен но смета дека со пропаганда може да го надмине и да го реализира прифаќањето на Договорот. Нека биде така но нека остане во историјата кој на која страна бил, нагласи Кепеска.

loading...