Бугарски историчар, член на комисијата: Лага е дека Македонија била поделена по балканските војни

АКЦИЈА
loading...

“Ако гледаме објективно, името Северна Македонија крие опасности од извесни претензии”, ова за БТВ го изјави Даниел Вачков”, директор на Институтот за историски истражувања при Бугарската академија на науките.

“Извесно е дека Пиринска Македонија географски се вклучува во идејата за Северна Македонија. Се разбира дека Македонија никогаш не била поделена – на Северна и Јужна, на Вардарска, Пиринска и Егејска”, вели доц. Вачков за бугарската телевизија.

Историчарот Вачков е еден од членовите на бугарско-македонската комисија којашто , согласно Договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија, треба да работи на усогласување на заедничката историја и образовните програми.

Според него, името и не е толку опасно колку што се некои други аспекти.

„Од многу одамна во нивните (македонски) учебници е застапена една абсурдна теза, апсолутна неточна, со која растат поколенија. Во нив пишува дека Македонија била поделена меѓу балканските држави после балканските војни и дека Македонците во Пиринска Македонија биле потчинети и врз нив била извршена денационализација. Децата учат дека нивните браќа во Пиринска Македонија се репресирани од бугарската држава”, појаснува Вачков.

„Најважно е што мислат тамошните луѓе, а договорот за името и не е толку битен”, категоричен е историчарот.

„Таквите нешта треба да бидат извадени од учебниците. Прво, затоа што се историски неточни , противречностите се очигледни. Кога велат дека Пиринска Македонија е подложена на терор, во исто време признаваат дека по балканските војни, во Првата светска војна, над 200.000 Македонци од Егејска и Вардарска Македонија се преселиле во Бугарија. Секој нормален човек ќе се запраша: Aко биле тероризирани, зошто отишле во Бугарија”, заклучува Вачков.

Извор: Радар.мк

loading...