ВМРО-ДПМНЕ: Се работи за сценарио, СДСМ и Зоран Заев посакуваат насилство

АКЦИЈА
loading...

Настаните вчера пред Собранието на Република Македонија се дел од смисленото сценарио на власта на Зоран Заев и СДСМ. Власта вчера удри по својот народ и ниту едно клеветничко соопштение на СДСМ нема да го покрие тоа. СДСМ треба да се извини што полицијата беше злоупотребена, а повредени се граѓани, возрасни луѓе, жени и деца. СДСМ и Зоран Заев посакуваат насилство се со цел да им помине нивниот план за капитулација, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Додека Зоран Заев СДСМ ја деградираат Република Македонија и го продаваат уставното име свесно се обидуваат да го вовлечат ВМРО-ДПМНЕ во црно сценарио и насилство. ВМРО-ДПМНЕ нема да пoтпадне на ваквото сценарио. Апелираме народот да не потпаѓа на провокациите кои ги прават инсталациите на власта и да не бидат злоупотребувани во нивните дневно политички цели, стои во реакцијата и се додава:

„ВМРО-ДПМНЕ останува со народот. Ќе дојде времето кога секој што се огрешил кон државата и кон народот ќе одговара. Зоран Заев ќе падне, а Македонија ќе победи“.

Инфомакс

loading...