Коѕијас: Подобро пријателска држава отколку Турција, голема Албанија или Бугарија

АКЦИЈА
loading...

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, изјави дека владата ги има предвид сите можни варијанти на развојот на ситуацијата и дека националните интереси на земјата се заштитени, а договорот со Скопје ќе стапи во сила дури по завршувањето на неопходните уставни промени.

Според Коѕијас, целта на Грција е да има пријателска држава и партнер на северната граница, што е далеку подобра опција од можноста, како што рече, поранешната југословенска република да стане заедница каде што ќе доминира Турција или да се распадне и да им го отвори патот на голема Албанија и Бугарија, пренесе грчката радио-телевизиска мрежа „Скај. гр“.

Грчкиот министер смета дека Турција се обидува да го претвори албанскиот национализам во исламски фундаментализам и да созаде база за обука на исламски милитанти во близина на граничните премини.

Коментарот на Коѕијас следува по обвинувањата на поранешниот заменик-премиер и министер за финансии на Грција, Евангелос Венизелос, кој обвини дека Владата на Ципрас нема ‘рбет и не го чувствува исламскиот фундаментализам на грчките граници.

Макфакс

loading...