Денес во Грција нешто умре: Црквените ѕвона ѕвонат во знак на жалост

АКЦИЈА
loading...

Локален свештеник на грчката православана црква во Псарадес, порача дека ѕвоната ѕвонат во знак на жалост затоа што нешто во Грција починало, откако беше постигнат договорот помеѓу Скопје и Атина.

Како што пренесуваат грчките медиуми, црквените ѕвона во местото Псарадес и околните села од грчката страна на Преспанското езеро, во текот на вчерашниот ден ѕвонеле во знак на жалост, додека траеше церемонијата на потпишувањето на договорот помеѓу Македонија и Грција за решавање на спорот околу името на нашата земја.

Околу 60-те жители на селата целата церемонија ја следеа од далеку, очигледно нерасположени поради постигнатиот договор на владите на Зоран Заев и Алексис Ципрас.

„Црквените ѕвона ѕвонат во знак на жалост, затоа што денес во Грција нешто умре“, изјавил локалниот свештеник на грчката православна црква во Псарадес за тамошните медиуми.

„Тие ни ја земаат нашата душа, ни го одземаат нашето име“, изјавил неименуваниот свештеник.

Според неговите зборови, како што пренесува новинската агенција „АП“, генерации на Срби, Бугари и Грци се бореле за територијата која што денес е наречена Македонија.

Македонија и Грција вчера и официјално во Преспа го потпишаа договорот според кој името на нашата држава ќе биде Република Северна Македонија, со што ќе биде задржена националноста како Македонска, а јазикот исто така ќе биде наречен Македонски.

Точка.мк

loading...