Зоран Заев со порака до сите кои не го поддржуваат Договорот со Грција

АКЦИЈА
loading...

Премиерот Зоран Заев упати порака до оние кои не го поддржуваат Договорот со Грција.

– Нашите општества се дел од европскиот систем на вредности и го заслужуваат мирот, демократијата и слободата и треба да застанат позади еднаквоста и солидарноста. Европа се противи на стравот и манипулизмот. Европското семејство не познава ѕидови. Тоа не се и не смеат да бидат опции, демократијата реагира на проблеми и се бори, вели Заев.

Според него противниците на договорот имаат право на став, тоа е европски манир.

– Сите наши партнери потврдија дека со ова одиме кон иднината и кога сите мислеа дека нема излез тргнуваме напред, вели тој.

loading...