А што тоа денес ние добивме за да прославиме?

АКЦИЈА
loading...

До вчера го немавме ова чуство на тага можете да се согласите нели?

Денес кога се разбудивте во градите почуствувате грутка,во очите ви наидоа солзи така?

Сами протекоа без да посебно нешто размислувавте или видете така ?

Денес македонците беа понижени од страна на Зоран Заев и екипата околу него и со официјален потпис ставање од наша страна како држава Македонија за промена на нашето исконско и библиско име Македонија во „Република Северна Македонија„.

Македонците денес според договорот на Заев и Ципрас беа преименувани во некакви „северни македонци„ кој немат никаква врска со Македонија,кој немат ништо со Свети Кирил и Методиј, со Илинден,со Крушевската Република,со Гоце Делчев,Даме Груев,Никола Карев па ако сакате немат врска ниту со бог!!!

Најпрвин се донесе закон за двојазичност а во овој договор наводно се заштитил јазикот македонски со некаква ѕвездичка а веќе имаме изгласана двојазичност.

Потоа се донесе и ратификува договор за добрососедски односи со Бугарија каде како страна нашата Македонија се откажа од сопствената историја и сопствените малцинства во Бугарија така?

Потоа црквата самоиницијативно побара БПЦ да и била мајка на нашата црква,па самоиницијативно се откажа од името МПЦ во Охридска Архиепископија така?

За денес да се стави потпис за промена на нашето име воп Северна Македонија ,која дури во превод и не значи така туку Република на Северот од Македонија.

Ако ова е знак за прослава на некој луге,некој затоа што веќе не е на Македонија туку на некој народ таму северно од Република Македонија ,па се поставува прашањето кој сме ние сега и што треба да прославиме според овој договор каде Заев вели дека денес е среќен ден за нас сите кој успејавме да надминеме долгугодишен спор и каде сме успејале да си го заштитеме јазикот (закон за двојазичност), идентитетот (промена на Устав секаде каде се споменува македонски,Македонија) ,црквата(која сама си побара да се тргне Македонска и преименува во Охридска,а Охрид по договорот за добро соседство и бришење на историјата со Бугарија е на Бугарија и како мајка црква сами си побаравме),името (кое според договорот сега сме Република на Север од Македонија) па се поставува овде логично прашање ?

А што тоа денес ние добивме,за да прославиме Зоран Заев?
Што добивме ние од овој договор?
Какви ќе бидат нашите внуци кога ќе се родат? – Граѓани на Република од Север на Македонија ?
Зошто во изводите претходно почнавте со националност да ставите знак?

Овие ред по ред чекори ,сите треба да знаеме дека некој добро ги осмислил за овој договор да биде ВИН ситуација целкосна за Грција а досегашната Македонија да ја снема од постоење како поим за Македонците и да припадне сето историско,културолошки придобивки на Грција,со кој договор повеќе немаме и што да бараме од Грција наши имоти кој сме ги имале ,Грција го затвара Букурешкиот договр и го затвара прашањето со Македонија ,т.е на крај ќе излезе дека ние сме узурпоирале територија од Македонија (Грција) денес и дека со овие постапки тие сето тоа ќе си го поделат со Бугарија и Албанија ,така Грција ќе си го затвори и прашањето со Албанците ,Бугарија ќе си го присвои „својот дел„ сегашен македонски. Албанците со двојазичноста и редефинирањето кој го спроведуват ќе си го заземат „нивниот„ дел .

Накратко можеби изгледа напишаното како теорија на заговор ,но тоа го пишува во договорот кој денес го потпиша СДСМ и Зоран Заев а ова се последиците кој по неколку години со разни дејствија ќе го направат тоа што е погоре напишано (промена на лични документи,промена на државни инсттуции,секаде каде има археолошко ископување ќе стои дека е дел од Грција и припаќа на Грција,За знамето 16 кракото кое беше наше и повторно СДСМ се откажа од него ,нема да смее да се покажува никаде ,казниво по закон и секаде каде е ископано под земја тој суимбол ќе треба соодтвено или да се покрие или затрупа за да не предизвикува навреда кон Грција,учебниците да се сменат со тоа и меморијата на овој народ со идните генерации ,и уште многу вакви „победнички„ работи со кој денес успеавме да издејствуваме потпишување на сите овие благодети за нашата Македонија,простете Република на северот од Македонија според победничкиот договор.

Останува сега ,да се ратификува овој договор во Собрание на Македонија а потоа да се изјаснат граѓаните на Референдум каде досега сите политички партии рекоа неофицијално дека ќе учествуваат во истиот кој ќе гласа ЗА,кој ПРОТИВ ,но едно е јасно,Референдумот каков и да биде исходот ќе биде аминуван и реализиран со инжинеринг од страна на големите играчи и без разлика дали ќе гласате ПРОТИВ ,резултатот ќе се натокми да биде ЗА, цензусот е битен овде и се прави веќе подготовки заедно со Референдумот да има и избори предвремени парламентарни а зошто е тоа баш така сами проценете (ЦЕНЗУС или сликата на излезност) Оти доволно е да има слика дека се излегува а не мора нити да се гласа ,другото е завршена работа.

Затоа Македонијо нека ни е бог напомош,оти се друго е против нас,останавме народ кој нема одбрана од никого за жал и тоа не е случајно туку е свесно направено од големите играчи.

Постои начин да се зачува достоинството и името и идентитетот и се останато ,само ако веднаш се напуштат позициите на опозицијата во Собранието,се откажат од нивните пратенички работни места и излезат со народот рамо до рамо и застанат заедно во одбрана ,само така нема промена на Устав,нема 2/3,Претседателот е на страна на анродот,нема потпис и се пага во вода ,нема ДИК кој ќе распише РЕФЕРЕНДУМ и заложба со дополнителни парламентарни избори по пат на Пржинскиот договор со техничка Влада да се припремат и народот да си каже најпрвин на избори што мисли дали политиките и прашањето со промена на името е нивен став да покаже кој сака да ги води во иднина ,а потоа оние кој ќе направат Влада да организират Референдум за тоа дали го прифаќат новото име на Македонија со цел влегување во ЕУ и НАТО.

Денес се потпиша капитулантски договор за Македонија ,а најдобро би било како што кажа Апасиев да се склучеше на змискиот остров Преспа бидејки и таква порака се прати денес со потпишувањето, против уставно е потпишан бидејки Претседателот го прави тоа и ред други небулози.

Бидејки Претседателот стави ВЕТО на овој договор и рече самите тие кој договориле нека си го спроведат ,станува збор за НИШТОВЕН договор кој ниту моќже да се легализира без сите играчи ,ако внимавате добро ниту Заев ниту Ципрас не ставија потпис на овој договор туку министрите за надворешни работи запрашајте се зошто е тоа така?

Затоа НИШТОВНИОТ договор е НИШТОВЕН и најмалку ние имаме некаква причина за прославување ,ниту пак некој ќе излезе да прославува – напротив од денес вистински почнува борбата за Македонија и РЕФЕРЕНДУМ не смее да има ако сакаме да ја зачуваме нашата Македонија,бидејки ние веќе имавме РЕФЕРЕНДУМ по тоа прашање и овде завршува приказната со Референдум по тоа прашање и без опозиција нема цензус и се друго е лага.

Македонија поминала многу пречки поголеми од Заев ,и ова ќе помине ,прашањето е само колкави ќе бидат последиците.

И најбитниот момент е дека нема никаква гаранција дека Грција нема доволно пратеници да го ратификува овој документ бидејки немат никаква шанса да обезбедат 180 и плус неколку пратеници ,и нема да може да стане правно издржан овој документ и договор.

loading...