Полицијата ги рестерува демонстрантите од пред Парламентот на Македонија

АКЦИЈА
loading...

Со шок-бомби и солзавец полицијата растера дел од учесниците во протестот пред Собранието на Македонија.

Протестот ескалираше откако дел од насобраните фрлаа со камња и факли кон полицијата и се обидоа да го пробијат кордонот за да влезат во Собранието.

Протестот се одржува поради незадоволство од Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство.

Протестот е организиран преку социјални мрежи.

Насобраните граѓани се обидуваат насилно да го пробијат полицискиот кордон и да влезат во Парламентот.

loading...