НИЕ НЕ СМЕ НИТУ „РЕЖИМОТ“ НИТУ „ШАРЕНИ“: Ние сме „Комити“ и ќе ве најдеме, а останатото сте го читале во учебниците по историја.

АКЦИЈА
loading...

Навивачката група на Комити Скопје за денешниот собир пред Собранието на Република Македонија.

„Ќе повториме дека ние иако не зeмаме пари за одбрана на татковината како полицијата и војската,како граѓани, должни сме да искочиме и да си го браниме ова наше парче земја. Ги повикуваме повторно сите навивачки групи и сите слободоумни патриоти да дојдат, да се сплотиме како едно. Ако не сте во можност за да дојдете во Скопје, организирајте се локално.

Последен пат ве повикуваме на мирен протест, а за наредниот период нека се мислат. Нас, апсења и притисоци не не плашат. Порака до тие што се закануваат: ние не сме ни “режимот” , а ни “шарената револуција”, ние сме Комити и ќе ве најдеме, а останатото сте го читале во учебниците по историја. Запомнете, борбата е да им го смениме менталитетот на нашите политичари, да научат да ги ценат и бранат интересите на Македонскиот народ, а не да ги распродаваат. Никој не е појак од народот кога е сплотен. Затоа ве замолуваме, раширете го идеалот за слобода, соберете ги вашите најблиски и без страв искочете на улица, ве повикува вашата мајка, Македонија!Да живее Македонија!!!“-стои во постот на Фејсбук.

loading...