Федерика Могерини: Ова е историски ден за Европа

АКЦИЈА
loading...

Федерика Могерини, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, по потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името и стратешкото партнерство, истакна дека ова е историски дена за Европа

– Многумина беа скептични, но успеавме. Им благодарам на премиерите Заев и Ципрас за храброто лидерство. Направија сите Европкани да се горди. Го отвора патот сите лидери од Западен Балкан да земат пример во таква ситуација. Секој спор е решлив преку дијалог. Сега започнува остатокот од работата, а ние како ЕУ ќе го охрабруваме секој нареден чекор. Ова не е важно само за двете земји, туку и за Европа. Ние веќе препорачавме да се започнат преговори, а очекуваме Европскиот совет да го стори тоа. Одиме во вистинска насока – изјави Могерини.

loading...