Захариева вели дека Македонија ќе добие датум за преговори за влез во Европската Унија

АКЦИЈА
loading...

Убедена сум дека Македонија ќе добие датум за преговори за влез во Европската Унија на Самитот на Европскиот Совет на 26 јуни ако утре го потпише договорот со Грција. Ова денеска го изјави бугарската министерка за надаворшени работи Екатерина Захариева која ќе претседателствува со самитот. Вели дека целта на нејзиното претседателствување е токму тоа да гo сврти вниманието на Европа кон Западен Балкан и на крајот на месецот македонија да добие зелено светло а во европската унија а на 11 ти јули и за влез во НАТО алијансата.

„Ништо не добивме со тој 27 годишен спор, ништо не добија граѓаните на двете земји пред потпишувањето на договорот за пријателство и добрососедство. Само ќе добиеме, нема да има никаква загуба ако на 26 јуни Република Македонија започне преговори за членство. Со одложувањето ризикуваме најраната следна можност да биде, најрано ќе повторам, во зависност од тоа што ќе се случува а ќе има многу услови – крајот на 2020 година. Не мислам дека македонскиот народ заслужува да чека уште две и пол години да започне преговори за членство во ЕУ. Така ги охрабрувам двајцата премиери, храбри премиери на Македонија и Грција и двајцата министри за надворешни кои ги водеа преговорите и сум убедена дека ќе се ратификува договорот за да може прво на 26-ти и после на 30-ти јуни европските лидери да го одобрат стартот на преговорите. Нашата цел е да започнете преговори за членство на 26-ти и 30-ти за Европската Унија и јули месец, на 11 -ти да станете член на на НАТО, тоа е нашата цел“, вели Екатерина Захариева – мин. за надворешни на Р. Бугарија.

Захариева нема да присуствува на потпишувањето на дговорот утре во преспа. Нејзиниот денешен домаќин кој утре ќе го стави својот потпис на документот Министерот за надворешни Никола Димитров охрабрува дека ова е единствениот начин земјава да има евроа атланска иднина. За она што се случува во грција и барањето за интерпелација на тамошната влада вели дека е исто како и во земјава, дека постојат луѓе кои гледаат само кон минатото но и оние кои мислат на иднината.

„Нема попатриотска должност – одговорност од раководството да создаде шанса, изборот ќе биде во граѓаните условен е со референдум ако граѓаните одлучат сакаме во натои собранието и претседателот, ако граѓаните речат да“, рече Никола Димитров – мин. за надворшени на Р. Македонија.

Инаку Захариева вели дека ја откажала средбата со претседателот Ѓорѓе иванов кој одлучи да не го потпишува договорот само поради тоа што нејзината земја одлучила да не зазема страна во преговорите. За договорот ко јпретходно бугарија го потпиша со македонија вели дека и понатаму е важи и ке ги подобрува добрососедските односи.

loading...