ЗАЕВ И ЦИПРАС СО БРОД ПРЕКУ ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО ЌЕ ДОЈДАТ ВО МАКЕДОНИЈА

АКЦИЈА
loading...

Утре, недела, 17 јуни, договорот ќе биде потпишан во Преспа, на грчка територија помеѓу премиерите на Македонија и Грција, Заев и Ципрас.

Откако ќе е потпишан договорот, со брод ќе започне пловидбата во Преспанското Езеро, каде ќе се стигне до Отешево.

Во Отешево, премиерите на двете држави ќе седнат на ручек, заедно со дипломатите во познат ресторан во тој крај.

Специјалците се на терен, целосно е блокиран пристапот до Отешево и Галичица, како од Ресен, така и од Охрид. Границата со Стење е веќе затворена, армијата ја чува, заедно со нуркачи во Преспанското Езеро.

loading...