По договорот на Заев, Шекеринска и Димитров, ништо нема да остане Македонско

АКЦИЈА
loading...

Македонската јавност е вчудоневидена што сè прифатија предавниците со прифаќањето на договорот. Додека Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Никола Димитров лажат дека го „зајакнале“ македонскиот идентитет, во договорот децидно стои дека се ништо повеќе нема да може да се именува како македонско, македонска, македонски. Ниту јазик, ниту институција ниту било што кое што ќе се однесува на државата или нацијата нема да смее да биде нарекувано со вистинското име.

Уште не влезен во употреба, австралиските власти под притисок на силното грчко иселеништво, веќе најави дека македонските заедници и нивните здруженија ќе ги преименува во северномакедонски, додека јазикот на македонските иселеници- славомакедонски јазик.

Во првиот став на овој предавнички договор прифатен од Заев, Шекеринска и Димитров, децидно стои дека никој повеќе нема да може на државата да и се обрати како кон Македонија. Тоа е иста лага како што се лажеше дека времената референца ќе трае три месеци. Со ваквиот договор, фактички се брише националната држава и се претвора во бинационална држава.

„Официјалното име на Втората Страна ќе биде ,,Република Северна Македонија’’, кое ќе биде уставното име на Втората страна и ќе биде користено ерга омнес, како што стои во Договорот. Кратко име на Втората страна ќе биде ,,Северна Македонија’’.

„Националноста на Втората Страна ќе биде Македонска/ Граѓани на Република Северна Македонија, како и што ќе биде запишано во патните исправи“.

Предавниците Заев, Шекеринска и Димитров прифатиле во секоја прилика, кусото име на „Македонија“ сега да биде „Северна Македонија“. Со тоа доколку некој се обрати или нешто каже за Македонија, ќе треба самите да го поправаме во Северна Македонија. Доколку не реагираме, на Грција и се отстапува правото да реагира во сите институции.

Во случај на грешки, пропусти или превиди во соодветната референца за името и терминологијата … во контекст на меѓународни, мултилатерални и регионални организации, институции, коресподенција, состаноци и форуми, како и во сите билатерални односи на Втората страна со трети држави и субјекти, секоја од Страните може да побара нивна непосредна исправка и избегнување слични грешки во иднина.

Со договорот, предавничката тројка прифаќа во име на сите Мaкедонци, се’ што се однесува на Македонија, нејзиното наследство, идентитет, постоење, веќе нема да може да биде Македонско! „Придавката на државата, и официјалните органи, како и други јавни претпријатија ќе биде во линија со официјалното име на Втората Страна или краткото име, тоа ‘ на Република Северна Македонија’ или пак ‘на Северна Македонија’.“

Според ова, МРТ ќе биде Радиотелевизија на Северна Македонија; МАНУ- Академина ја науките и уметностите на Северна Македонија; МНТ- Народен театар на Северна Македонија; МАкедонска опера и Балет- Опера и Балет на Северна Македонија!

Така, во Македонија, по договорот на Заев, Шекеринска и Димитров, ништо нема да остане Македонско,

Извор: Курир

loading...