Славчо Попоски: Циклонот Силвија ќе донесе големо невреме

АКЦИЈА

Продолжува влијанието на моќниот циклон Силвија кој во текот на вчерашниот ден (среда) донесе големо невреме во голем дел од државава предизвикувајќи штети и паднати дрвја во Скопскиот регион, а на многу места е регистрирана и појава на град.

„Попладнево и вечерва времето ќе биде нестабилно облачно на многу места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни проследени со интензивен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. Слично време со чести врнежи и грмежи како и услови за локално невреме ќе продолжи и во текот на следните денови како и за време на викендот кој доаѓа додека температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање“- вели метеорологот Славчо Попоски.

Додава дека локално ќе наврне големо количество на воден талог, (преку 40 – 50 л/м2) па токму поради ова можни се локални поројни поплави, а постои можност и за зголемување на нивоата на реките и на езерата во државава.

loading...