Обид за насилен упад во парламентот

АКЦИЈА
loading...

Денеска во Атина се случил инцидент кога за време на протест против договорот за спорот со името, неколку учесници се обиделе да влезат во грчкиот парламент, каде што се одржувала расправа за недоверба на владата поради договорот меѓу Атина и Скопје.Грчката полиција успејала да спречи неколку демонстранти, кои носеле кациги и се обиделе да влезат во парламентот, објави новинската агенција АНА.

Според информациите, повеќе демонстранти останале на влезните скали на парламентот, а други пред споменикот на непознатиот херој, кој се наоѓа пред самата институција, при што вееле грчки знамиња.

Седницата за недоверба беше закажана по барање на опозицијата, поради договорот кој пред неколку дена го постигнаа грчкиот и македонскиот премиер Алексис Ципрас и Зоран Заев.

loading...