Како е на печалба во Малта

АКЦИЈА

Малта последниве неколку години стана една од најпопуларните дестинации каде што работат голем број Македонци.

– Се разочарав од функционирањето на нашите институции. Наидов на многу неправди, не можев да си ги валоризирам трудот и дипломите, па решив да си ја побарам среќата надвор од мојата држава. Друга причина е медитеранската клима со повеќе од 300 сончеви денови годишно. За некој што е навикнат на асфалтот во Скопје, тука е рај. Битен фактор е и геополитичката локација. Малта е поблиску од САД, Канада и од Австралија, за неколку часа со авион си дома. Од друга страна, дел е од Европската Унија, и тоа една од земјите со најниски трошоци на живот во ЕУ. Многу полесно ќе дојдете тука отколку во Германија или во Швајцарија. Официјален јазик, покрај малтешкиот, е и англискиот, па полесно се наоѓа работа – вели Соња.

Најчесто работат во градежничката и во угостителската дејност, како келнери, собарки, хигиеничари, во парфимерии и други продавници, како и во фирми поврзани со туризмот.

Овој медитерански остров во последниве години е сѐ попривлечна дестинација за нашите возачи Јавно сообраќајно претпријатие „Скопје“.

Во медиумите речиси два месеца се говореше за тоа дека за Малта ќе заминеле вкупно шеесетина возачи од државава.

Заинтересираните се јавиле на објавен оглас, а потоа биле и на интервју во Скопје, кое го реализирале надлежни од јавниот превоз на Малта, задолжени за ангажирање возачи. Огласот јасно имаше наведено дека возачите треба да имаат најмалку тригодишно искуство, а од пријавените кандидати се бараше да не се помлади од 24 години. За заинтересираните најпривлечна во огласот, секако, беше месечната плата од околу 1.300 евра, која може да биде и поголема доколку пријавените имаат и поголемо искуство како возачи. За оние со тригодишно искуство годишната плата е лимитирана на 15.750 евра, а за кандидатите со искуство над 4 години се искачува до 16.790 евра. Во огласот стои дека прекувремената работа доплонително се наплаќа. За возачите обезбедено е и смествување кое ќе ги чини 200 евра месечно а авионската карта е бесплатна односно работодавачот ја исплаќа по истекување на едногодишниот договор.

loading...