(ВИДЕО) Силјановска: „Северна Македонија“ не е држава туку дел од област во Грција

АКЦИЈА
loading...

Професорката од Правниот факултет Јустинијан Први, Гордана Силјановска-Давкова во емисијата „60 минути“ на Телевизија Алфа истакна дека името „Македонија“ никој нема право да го менува бидејќи не го изгласал никој, туку тоа ни е наследено и затоа македонскиот народ има обврска да го зачува.

-Кога ќе имаме синтагма „Северна Македонија“, тоа не е држава. Тоа е исто како областите во Грција. Централна, Источна, Западна и сега уште Северна Македонија. Оти кога читам јас овде каков однос има грчката Aкадемија на науките и уметностите во Атина кон композитното име, тие велат дека треба да се направи, да се смисли име кое ќе овозможи дистинкција меѓу нивните региони и поголемиот регион на кој што сите му припаѓаат а во кој што влегува еве и Северна Македонија, вели таа.

Во договорот во Став 3 од членот 8 се вели дека нема да се употребуваат во никој начин и во ниедна форма симболите означени на поранешното македонско национално знаме. За шест месеци од стапување во сила на овој договор, втората држава ќе ги тргне симболите означени од сите јавни локации и сите јавни употреби на својата територија. Силјаноска вели дека со овој член, Грција директно се меша во внатрешните работи во Македонија.

-Е, ова е мешање во внатрешните работи во една земја која што согласно на членот на самоопределување, не само што има право да си ги избере и затоа Грција и не оспорува, химна, знаме, грб, туку оспорува се што е во јавниот простор, рече Силјаноска – Давкова.

„60 минути“ со Горан Момировски

Публикувахте от Alfa Televizija в 13 юни 2018 г.

loading...