Без печење на топлово: Брза и освежувачка туна салата, само сецкате и мешате

АКЦИЈА
loading...

Летото е период кога сите слабееме и сакаме да бидеме фит, ни треба лесна храна, оброци кои се без печење, полни витамини и лесно се прават.

Ова е рецепт за освежителна туна салата.

СОСТОЈКИ:

1/2 главици зелка
2 моркови
2 млади лукчиња
1 пиперка
2 домати
1 конзерва туна
зачини

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Прво се лупи и ренда морковот, се сече ситно и зелката, лукчето се ситни, а пиперката и доматите измиени се сечат на коцки.
Се ставаат зачини по избор, па се ставаат во сад, додајте туна и измешајте.
Декорирајте по желба со магдонос, оладете и послужете.
Не се додава масло, доволно е тоа од туната.
По желба може и да си додавате продукти, зеленчуци или некој млечен производ.

ГОТВИ.МК

loading...