Сме за ЕУ и НАТО, но сакајте не такви какви што сме!

АКЦИЈА
loading...

Денес над Македонија се раѓа.. со пеење на химната и македонски народни песни се одвива протестот пред
Собранието против договорот со Грција. Говорниците порачуваат дека Името е се што имаме и дека името нема да се менува.

– Ние сме за ЕУ и НАТО, но сакајте не такви какви што сме!

Ова е предупредување до владата да не си игра со она што ни е најсвето, порачаа демнстрантите, кои напоменуваат дека владата и премиерот немаат мандат да го менуваат името и уставниот поредок на Република Македонија.

Овој народ не дојде за власт, не дојде пари, не дојде за имиџ, дојде да си го одбрани името, порачуваат демонстрантите.

Тие порачуваат дека референдум нема да има, а ако на сила се наметне, ќе биде негативен.

– Слушни го народот претседателе, ова се Македонци, не подлегнувај, порачуваат демонстрантите.

 

 

loading...