ММДЧП: Со преговорите за името директно се кршат основните човекови права (отворено писмо)

АКЦИЈА
loading...

Отворено писмо од Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП), пишува дека со преговорите за името, директно и флагрантно се нарушуваат основните човекови права и слободи, и злосторства против човечноста, на милиони Mакедонци ширум светот, имено:

– Одрекување на правото на самоопределување утврдено како апсолутно право на секој народ, согласно Член 1 од Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права и Меѓународниот пакт за граѓански и политички права;

– Отфрлање на достоинството на човекот, според член 1 од Универзалната декларација за човекови права и член 1 од Повелбата за основни права на Европската унија;

– Негирање на личниот интегритет, според член 3 од Повелбата за основни права на Европската унија и според член 8 од Европската конвенкција за човекови права;

– Дискриминација врз основа на јазикот и националното потекло, како и врз меѓународниот статус на земјата, според член 2 од Универзалната декларација за човекови права;

– Одрекување на културните права, според преамбулата и членовите 1, 3, 6 и 15 од Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права;

– Намерно уништување на културното наследство, како што е дефинирано во Дел II од Декларацијата на УНЕСКО за намерно уништување на културното наследство;

– Понижувачки и нехуман третман согласно Член 3 од Европската Конвенција на Човекови Права и и член 4 од Повелбата за основни права на Европската унија;

– Тортура согласно Член 1 од Конвенцијата против тортура и други сурови, нечовечни или понижувачки третмани или казнувањa;

– Злосторства против човечноста, согласно член 7 од Римскиот Статут на Судот за меѓународни злосторства;

– Геноцид, согласно член 2 од Конвенцијата за спречување и казнување на геноцидни злосторства, и во согласност со член 6 од Римскиот Статут на Судот за меѓународни злосторства. – стои во соопштението на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП).

loading...