Љубчо уште во 2011-та рече да се викаме Северна Македонија (ВИДЕО)

АКЦИЈА

Јас апсолутно сметам дека Северна Македонија не е ништо страшно, не е ништо катастрофално по ниту едно прашање за Македонија. За жал Владата, дел од некои разни интелектуални структури сметаат дека е голема катастрофа ако Македонија го направи тој компромис и едноставно сум песимист дека нешто може да се случи на тој план, вели екс премиерот и претседател на ВМРО НП Љубчо Георгиевски во 2011 година во интервју за БНТ.

Ова е само уште една од низата предвидувања, а се чини и визионерски изјави пред сите други македонски политичари на претседателот на ВМРО НП, кој важи за еден од првите македонски политичари кој имаше „храброст“, на штета на себе и на својата партија, јавно да каже дека е потребно да се направи компромис за името, со конечна цел, членство во ЕУ и НАТО.

 

loading...