Жарко Трајаноски и Петрит Сарачини станаа дел од пи–ар службата на Владата

АКЦИЈА
loading...

Граѓанскиот активист Жарко Трајаноски и Петрит Сарачини се ангажирани во Пи–ар службата на Владата, за „Плусинфо“ потврди портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

Трајановски на јавноста и е познат како активист у учесник во „Шарената револуција“.

Сарачини пак, до неодамна беше дел од кабинетот на екс- министерот за култура Роберт Алаѓозовски, кој по оставката, Владата го ангажира за национален координатор за култура. По оставката на министерот од кабинетот замина и Сарачини, но за кусо време тој повторно е ангажиран да работи за Владата.

– Жарко Трајаноски и Петрит Сарачини се ангажирани за извршување професионални задачи за потребите на Секторот за односи со јавноста на Владата на РМ.

Жарко Трајаноски е ангажиран за истражувања и анализи, а Петрит Сарачини за медиумски мониторинг, во согласност со нивните професионални компетенции. Нивните ангажмани се регулирани со договор на дело – потврди Бошњаковски за „Плусинфо“.

loading...