Направете ги највкусните ѓевреци за доручек: Ѓевреци полнети со сирење

АКЦИЈА
loading...

Додека уште не е пеколно топло, направете го најсвкусниот појадок.

Ѓевреци полнети со сирење, ова е рецептот:

СОСТОЈКИ:

2 јајца
1 шолја кисело млеко
½ лажички сода
2 лажици масло
малку сол
малку шеќер
100 гр сирење
½ лажички црвен пипер
оригано
500 гр брашно
масло за пржење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: 

Се матат јајцата со шеќер, сол, црвен пипер и оригано, а киселото млеко се меша со сода па се додаваат.

Се става и масло и издробено сирење.

Се става брашното во вангла, се прави дупка, па се става смесата и се меси тесто.

Се развлекува и се вадат кругови со шолја, па се прават и на средина помали кругови, да добиете форма на ѓеврек.

Се загрева амсло и се пржат, со внимавање да не загорат.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk

loading...