МВР ќе ги гони Заев и Димитров?

АКЦИЈА
loading...

Утринава ме разбуди неверојатна информација од таканаречени “свиркачи” дека припадници на МВР ќе го гонат премиерот и шефот на дипломатијата за прекршување на законите. Во Шведска со оглед на околностите ова сигурно ќе беше точно но во Македонија…

Според извори во МВР кои логично инсистираат на анонимност, членови на таканаречената шеста управа која се занимава со обезбедување на високи државни функционери и одговорни за сообраќај при бирото за јавна безбедност во МВР денеска треба да одржат посебни состаноци на кои ќе се расправа за фотографиите кои вчера ги објави премиерот Заев.

Иницијативата за овие активности дошла од високи припадници на полицијата, професионалци кои долго време работат во МВР и на кои на почетокот од работата на оваа влада им било кажано дека имаат право но пред се обврска да започнуваат процедури против сите припадници на полицијата и граѓаните доколку ги прекршат законите без разлика дали се работи за политички моќници или обични луѓе.

На фотографиите кои се причина за загриженост во МВР премиерот Заев е заедно со министерот Никола Димитров и на нив се гледа дека ниту премиерот ниту шефот на дипломатијата на нивните глави немаат заштитни шлемови додека возат квадрицикл.

Според законот за сообраќај Заев и Димитров мора да добијат прекршочни пријави или мандатни казни за неносење заштитна опрема при управување на моторно возило а такво нешто вчера и утринава не се случило ниту во Струмица ниту во централата на МВР во Скопје.

Законските прописи предвидуваат глоба од 35 евра во денарска противредност за возачот кој не користи заштитен шлем односно во негова согласност со регистрирање на 15 негативни бодови или глоба во противредност од 20 евра со тоа што за сопатникот кој се превезува на моторциклот нема предвидено негативни поени туку добива само казна од 20 евра.

Соодветна процедура за инцидентот во родниот град на премиерот треба да биде започната и против одговорни лица во сообраќајната полиција во Струмица која ја обезбедувала маршрутата на премиерот, а која дозволила јавно непочитување на законот за сообраќај.

Забелешки има и за членовите на обезбедувањето на Заев кои што дозволиле премиерот да биде ставен во позиција во која може да му биде загрозен животот поради непреземање на соодветни безбедносни мерки.

Министерот Оливер Спасовски со објаснување дека се работи за високи државни интереси се обидел да ја спречи ваквата разврска на случајот кој вчера беше организиран од ПР тимот на владата која фотографиите ги употреби за да прикаже дека односите меѓу Заев и Димитров се одлични.

А токму министерот Спасовски лани во кампања апелираше мотоциклистите да носат заштитен шлем.

Дочитајте на Експрес.мк

loading...