Манастирскиот пес Локи по вторпат украден од Марков манастир (ВИДЕО)

АКЦИЈА

Камерата поставена во комплексот на Марков манастир, кој патем е ограден со висока ограда, ги лоцираше крадците кои по вторпат го украдоа Локи, манстирскиот пес, кој тука живее и е згрижен од добронамерници.

На ФБ профилот на Анима мунди, каде е поставено ова видео, е упатен апел до сите што ќе го видат Локи, да пријават или во полиција или во манастирот.

Со видеото е објавено следново објаснување:

ВЕ МОЛАМ СПОДЕЛЕТЕ. ЛОКИ ПАК Е УКРАДЕН ОД МАНАСТИР КАЈ МАРКОВА СУШИЦА. МИНАТИОТ ПАТ Е НАЈДЕН ВО БАТИНЦИ. ДОКОЛКУ ПРЕПОЗНАЕТЕ НЕКОЈ ОД СНИМКАВА, ВЕ МОЛАМ ПИШЕТЕ МИ!

КОЛКУ ПОВЕЌЕ СПОДЕЛУВАЊА, ТОЛКУ ПОГОЛЕМИ ШАНСИ ДА ГО ВРАТИМЕ!

Повторно тешка кражба и загрозување на безбедност во манастирот во с. Маркова Сушица.

Во манастирот кадешто се собираат многу луѓе и деца, вчера беше извршен упад од двајца крадци, кои ја искршија портата, ја загрозија безбедноста и повторно го украдоа песот, кој не е воспитан за борби.

Крадците се снимени со поставените камери, во приложеното видео. На потег е полицијата. Доколку некој ги препознае крадците или го види песот, нека пријави на бројот на полицијата.

АКО.мк

loading...