Француски АФП пишува: Македонија ќе мора да ги ревидира учебниците

АКЦИЈА
loading...

Новинарите на АФП се интересираат за содржината на македонските учебници по историја од падот на комунизмот па сѐ до владеењето на Никола Груевски. Агенцијата го цитира историчарот Тодор Чепреганов кој вели дека „падот на Југославија го обнови националниот романтизам“ во Македонија, но дека трендот го засилил ВМРО-ДПМНЕ за време на своето владеење, особено преку начинот на кој се учи за историјата.

АФП цитира учебник за шесто одделение посветен на „македонската држава под Филип Втори“, во кој децата учат како тој ги „покорил хеленските колонии“, додека неговиот син Александар „успеал да ги победи Грците“ додека Грците го „отфрлиле“ македонското владеење.

Агенцијата цитира и текстови од високообразовните институции исто така. Па така, учебник од 2010 на штипскиот универзитет тврди дека „Античка Македонија е регион на Балканот на кој Македонците владееле, а не дел од Грција“.

Дамјан Тодоровски, битолски наставник, за АФП изјавува дека „сите учебници по 2006 се перење на мозокот, а не образование“.

– Немало македонска држава до 1945, вели граѓанката Соња Трајановска, за АФП, за што зборуваме? Нема да дозволам да ми го индоктринираат детето со национализам и фалсификувана историја“.

Новинарите потсетуваат дека Владата на Зоран Заев вети дека учебниците ќе бидат ревидирани од страна на експерти, не од политичари, но дека ќе биде тешко да се смени менталитетот кај наставниците, особено најмладите.

Наташа, 28-годишна наставничка од Македонија вели дека не разбира зошто треба да се „срами“ да каже која е. – Александар бил Македонец, а ние се плашиме тоа да го кажеме затоа што ги иритира Грците.

Новинарите констатирале дека некои Македонци не се сметаат воопшто за Словени, туку за „директни потомци на Филип и Александар“.

-„Горна Македонија“ е најверојатно новото име на државата, но националниот наратив потешко ќе се смени отколку името, пишува АФП.

Извор: Лидер.мк

loading...