Брза торта за во летните горештини, со многу овошје и пишкоти

АКЦИЈА
loading...

Направете едно ново и вкусно откритие во морето на рецепти. Торта со многу овошје и пишкоти.

СОСТОЈКИ:

200 мл слатка павлака
500 мл јогурт
200 гр пишкоти
200-500 гр вода по избор
15 гр желатин
3 јајца
150 гр шеќер во прав

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: 

Се матат жолчките со шеќер, па се ставаат на пареа 10 минути, се тргаат и ладат.

Се матат белките и се додаваат во жолчките па се мати се убаво.

Се става желатин во 100 мл вода.

Се мати посебно павлаката па се додава јогурт и се меша, се додава во жолчките и се соединува.

Се става растопениот желатин и се меша.

Се става фолија на калап, се става малку од филот, па некое исечено овошје по желба, па ред пишкоти и така додека има фил и пишкоти.

Се декорира горе со овошје.

Се лади и служи.

Готви.мк

loading...