Борисов своерачно направил измени: Софија го редефинирала Договорот за добрососедство?

АКЦИЈА
loading...

Само неколку денови пред почетокот на работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, формирана согласно Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Република Македонија и Република Бугарија, од Софија стигнува неочекувано признание. Кабинетот на премиерот Бојко Борисов на своја рака го редефинирал Договорот, по неговото потпишување во август минатата година.

Оваа зачудувачка вест произлегува од перото на бугарскиот историчар Стефан Дечев, во насловот:„Две држави, две истории, многу „вистини„ и една клета наука„, што е објавен на порталот Историја.бг, кој е дел од телевизијата БНТ, а е поткрепена со изјава на, ни повеќе, ни помалку, туку бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева. Ова е само првиот од најавените три дела, што Дечев ќе ги подготви за БНТ. Според најавите, вториот дел ќе се однесува на изјавите и стратегиите на бугарскиот и македонскиот дел од Комисијата на фонот на веќе објавените изјави од политичари, експерти, дипломати и новинари од двете страни на границата.

Минатата година Дечев, само час-два по потпишувањето на Договорот, предупреди дека политичарите и дипломатите, согласно член 8 алинеа 2, предвиделе формирање на Заедничката комисија, иако имаат јасно сознание дека и на двете страни речиси никој нема ѓелба да се занимава со минатото и „историските настани„ и тоа токму „експертски„ и „објективно„, а камо ли да прават „научно толкување„ на „изворите„. Во актуелниот текст сега, пак, Дечев на неколку страници, всушност, прави анализа на составите на двете комисии и се осврнува на секој член поединечно. Но, она што е клучно е неговата забелешка во која стои:„Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, деновиве со своите изјави самата демонстрира дека Договорот бил некако редефиниран од кабинетот на Борисов по неговото потпишување минатиот август. При изборот на комисијата таа истакна дека не се земени критериумите, што се содржат во чл.8, ал.2 и 3 т.е. некакви си таму зборови како „експертски„, „објективно„, „научно„, „докази„, „европски вредности„. „Идејата беше – изјави таа – да бидат најдени луѓе со неспорна репутација, дипломатско искустви и луѓе кои години наназад ги заштитувале бугарските интереси„. Како што се гледа, заштитата на „бугарските интереси„ и битката за нив ја надминала идејата на самиот Договор. Споменатата согласност за составот на комисијата со БАН и со Историскиот факултет на СУ „Св.Климент Охридски„, за што продолжува Захариева, не менува ништо. Добро познато е дека во однос на разгледувањето на минатото на Македонија и македонското прашање и во двете институции со години предничат идеологијата и националната митологија и имаат приоритет пред научниот приод и достигнувањата во таа област во светот…„.

Кога станува збор за македонскиот дел од Комисијата, интересно е што Дечев како „тврди ореви„ ги издвојува професорот Ванчо Ѓорѓиев и Александар Литовски. За вториот, авторот прави споредба дека неговото учество во комисијата во многу наликува на евентуално вметнување на Божидар Димитров во бугарската.

 

Инфомакс

loading...