Одговорот на владиката Пимен до костурскиот Сарафим кој ја брани Грчка Македонија

АКЦИЈА
loading...

Владиката Пимен на Фејсбук му одговори на костурскиот митрополит Серафим, кој на протестите за одбрана на Грчка Македонија, изјави дека ако треба „за Македонија и камења ќе јадеме“.

Тој му порача дека камењата можеби и ќе се изедат, но срамот не се јаде.

„Христијанство пред 20 века:

Христос се исправи и им рече: „Кој од вас е без грев, нека прв фрли камен на неа!”

Христијанството денес:

Серафим се исправи на протест и рече: “Ај да ги изедеме камењата, па да нема кој да фрла веќе камења”

П. С. Камењата можеби и ќе се изедат, но срамот не се јаде“- напиша отец Пимен на Фејсбук.

Деновиве во 24 града во Грција имаше протести за одбрана на грчкиот карактер на Македонија.

loading...