Да бидеме хумани и да му помогнеме на петгодишниот Никола

АКЦИЈА

Прво да Ви се претставиме, ние сме семејство Буковски и имаме 5.5 годишен син Никола кој има церебрална парализа, хидроцефлус и епилепсија. Пред 2 години заминавме од Македонија за Шведска со надеж дека ќе најдеме решение за проблемот на Никола (во Македонија Никола имаше 4 операции, две редовни и две од докторска грешка), па не можевме веќе да го гледаме страдањето на нашиот ангел и решивме да заминеме.

Барајќи секојдневно решение, контактиравме со многу болници низ целиот свет. Ја најдовме меѓународната болница Пухуа од Пекинг, која по прегледувањето на медицинската документација на Никола, ни одговорија дека има големи шанси за подобрување на неговата состојба. Мојот сопруг работи како возач, но тие средства не се доволни, а Шведска не ги покрива трошоците за лекување надвор од EU. Контактиравме со Татјана Ткаченко која со својот син беше на лекување во оваа болница, нивните резултати се чудо Божјо (мoже да се види на сајтот на болницата или на нејзиниот Руски фејсбук).

Започнавме хуманитарна акција за собирање на потребните средства за медицински третман со матични клетки во Кина (кај нас треба да се прават две интервенции со матични клетки). На 15-05-2018 г. добивме покана од болницата за третман во септември (првата покана беше за јуни, но моравме да ја одложиме, но повеќе не можеме да одложуваме. Што побрзо би заминале, тоа би било подобро за Никола. Пред 25 дена имавме напад кој траеше 1h, за да го запрат нападот мораше да го успијат). Во овој момент хуманитарната акција не оди добро, со еден збор многу сме далеку од потребните средства. (членуваме во 70 Македонски фејсбук групи. Пред Велигден се обративме на 50 Македонски цркви ширум светот, но многу се разочаравме зошто никој не нè контактираше, а за донирање и да не разговараме), се приклучивме во светска организација за собирање донации на која може да се донира online https://www.gofundme.com/u-h 5tfi4.

Треба да се соберат околу 50 илјади евра. До септември треба барем половина од сумата да ја имаме, за Никола да почне со првиот третман.

Во прилог ви испраќам документи од опeрациите на Никола, поканата од Кинеската болница и слики од нашиот мал ангел со најубавата насмевка на светот.


Ви се обраќаме Вас со голема молба, ако сте во можност да ни помогнете за акцијата за Никола.
Бидете ни живи и здрави, Господ да Ве благослови…

Родителите на Никола: Гоце Буковски и Оливера Василева.

Тел. За контакт: 0046722864564

Прокредит банка

Сметка: 380476997501177

Гоце Буковски

Ул. Кресненско востание 9, Велес

Уплатите треба да бидат со назнака: Подарок за Никола

loading...