Зашто да одиш во Гари

АКЦИЈА
loading...

Га­ри го на­се­ли­ле хра­бри и го­сто­прим­ли­ви лу­ѓе. Се чув­ству­ва­те до­бре дој­де­ни во се­кое вре­ме. Осо­бе­но им е за­до­волс­тво да слуш­нат де­ка сте про­ше­та­ле во пла­ни­на­та, сте ги по­се­ти­ле тие ин­те­рес­ни ме­ста што се гор­дост за гар­ци. Ве­лат што се гар­ци, гар­ци се, ама што не се гар­ци, ко­га ќе се за­ле­пат за Га­ри, не се од­ле­пу­ва­ат

Свеж и чист воз­дух, тем­пе­ра­ту­ра мно­гу по­ни­ска од таа во ур­ба­ни­те сре­ди­ни, жу­бор на во­да и не­ве­ро­јат­на ве­ге­та­ци­ја – уба­ви­на што ја ну­ди Ма­ке­до­ни­ја, а мал­ку­ми­на ја ко­ри­стат. Ве­лат ми­јач­ки­от крај е еден од нај­у­ба­ви­те кра­и­шта во зем­ја­ва. При­чи­ни да се по­се­ти ме­сто­то во па­зу­ви­те на Би­стра и на Сто­го­во има мно­гу. Не­до­пре­на­та при­ро­да на 1.100 ме­три над­мор­ска ви­со­чи­на е ви­стин­ско ме­сто за од­мор, но, ка­ко што ве­лат ста­ри­те гар­ци, са­мо за тие што зна­ат да ужи­ва­ат и ја са­ка­ат при­ро­да­та.

За добредојде еден кладенец од кој блика вода, да се знае дека добредојде од сите гарци најпрвин ти посакува Гарска Река… Гласна и моќна, можеш да ја слушнеш од било кој дел на селото.. Татни!!!
На сред село црквата св. Богородица.. Мала, но прекрасна.. Стара околу четири века. Во неа иконостас изработен од гарецот и врвен копаничар Петре Филиповски Гарката. Еден од најпознатите гарци, познат по врвните иконостаси кои ги изработил во манастирот Свети Јован Бигорски, црквата Свет Спас во Скопје, но и уште многу, многу други цркви и манастири кои ги работел на Балканот.

Га­ри жи­вее во ле­то. Во зи­ма жи­вот има во две-три ку­ќи. Но во ле­то гар­ци се вра­ќа­ат до­ма. Дел од ку­ќи­те се со­се­ма но­ви или об­но­ве­ни, во пре­поз­нат­ли­ви­от и ори­ги­на­лен охрид­ско-кру­шев­ски стил на гра­де­ње. Ре­чи­си се­ко­ја ку­ќа е пол­на и отво­ре­на за тие што ре­ши­ле да го по­се­тат се­ло­то. Се­дев­ме во ку­ќа­та на де­до Бла­жо Дој­чи­нов­ски. Го­ле­ма бе­ла ку­ќа, со ка­фе­ни про­зор­ци, ку­ќа што го за­чу­ва­ла ста­ри­от стил. Ни рас­ка­жу­ва­ше ин­те­рес­ни при­каз­ни за се­ло­то, за жи­во­тот не­ко­гаш, за тоа што е Га­ри де­нес. Ќе ја слуш­не­те при­каз­на­та за ки­ли­ма­ра­та во ко­ја ра­бо­те­ле 120 же­ни и ги про­из­ве­ду­ва­ле нај­до­бри пер­си­ски ки­ли­ми што ги про­да­ва­ле во Гер­ма­ни­ја. За за­дру­га­та, за ку­ла­ци­те, за за­ба­ви­те и за му­зи­ка­та. Ќе ја слуш­не­те при­каз­на­та за пе­чал­ба­ри­те, за Дим­ко Шан­гај, кој на вре­ме­то ка­ко пе­чал­бар стиг­нал нај­да­ле­ку, ду­ри до Ки­на. Ќе ви рас­ка­жат за фуд­бал­ски­те нат­пре­ва­ри на игра­ли­ште­то, ка­де, ка­ко што уме­ат да ре­чат, има­ло ви­стин­ски го­ло­ви уште во вре­ме­то ко­га во Скоп­је обе­ле­жу­ва­ле го­ло­ви со ка­ме­ња. Ужи­ва­ат да збо­ру­ва­ат за нив­ни­от под­го­твен тим, кој ги по­бе­ду­вал ти­мо­ви­те од Мел­ни­ча­ни, од Ла­за­ро­по­ле и од дру­ги­те окол­ни се­ла. Со гор­дост збо­ру­ва­ат за стру­ја­та што ја има­ле ко­га гра­до­ви­те не­ма­ле, за ма­ло­то ки­но во пе­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век, за не­ве­ро­јат­на­та во­да.

loading...