Му го дал ли Фрчкоски на Заев куферот од милион долари што го одби Глигоров?

АКЦИЈА
loading...

Дали рацете на Фрчкоски повторно се пружени кон двете страни за да воспостават мост за окончување на спорот?

Дали е повторно во игра „куферчето на решението“ што го одбил Глигоров и дали повторно Фрчкоски е тој што го предава штом излегува со смела изјава дека сè е договорено, и името и националноста и јазикот? Овојпат од другата страна на „петте милиони долари“ е Зоран Заев.

Преговорите за името што се водат на највисоко државно ниво, меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Николаос Коѕијас, но и меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, се влезени во завршна фаза, во која поради деликатноста Владата се воздржува од официјални изјави надвор од протоколарните.

Сепак, она што изненадува во дипломатската тишина е гласот на Љубомир Фрчкоски, кој со лесностија тврди дека „проблемот е во имплементација, во фазите“. Во гостување на 1 ТВ вечерва Фрчкоски изјави дека „сè е завршено, име, националност, јазик“, а останува само да се спроведе „продавање на договорот кон својата база“.

Изјавите на Фрчкоски не можат да се примат како претпоставка или шпекулација од две причини – се работи за доверливи, чувствителни информации кои државниот врв не ги споделува во јаноста за да не се наруши текот на процесот, а второ имајќи го предвид неговото досегашно учество во процесот на преговори, особено директната инволвираност во почетокот на преговорите во деведесеттите, оставаат впечаток дека Фрчкоски повторно е директен или индиректен играч.

Фрчкоски и куферчето со 5 милиони долари од Грилакис за Глигоров
Контроверзниот Љубомир Фрчкоски во мемоарите на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, е запишан како поштарот кој ќе му го предаде поздравот од грчкиот генерал Грилакис, кој требало да го оконча спорот меѓу Македонија и Грција.
Повеќе на овој ЛИНК

Дали рацете на Фрчкоски повторно се пружени кон двете страни за да воспостават мост за окончување на спорот? Дали е повторно во игра „куферчето на решението“ што го одбил Глигоров и дали повторно Фрчкоски е тој што го предава штом излегува со смела изјава дека сè е договорено, и името и националноста и јазикот? Овојпат од другата страна на „петте милиони долари“ е Зоран Заев.

loading...