Можело и поховани макарони

АКЦИЈА
loading...

СОСТОЈКИ:

250 гр макарони

1 лажица павлака

100 гр сирење

1 црвена пиперка

1 морков

2 јајца

100 гр брашно

100 гр презла

масло

сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Макароните згответе ги во солена вода и не ги измивајте, додајте павлака, сирење, сечкана обварена пиперка и морков. Посолете по вкус и разлејте во тепсија. Оставете во фрижидер околу 2 часа, а потоа исечкајте на коцки.

Јајцата разматете ги. Коцките макарони извалкајте ги во брашно, јајца и презла и пржете во тава на врело масло да поруменат од двете страни. Вадете со решетка на салфета да ја впие маснотијата.

loading...