Рецепт за Тирамису

АКЦИЈА
loading...

Состојки:

4 јајца
100 гр шеќер во прав
500 гр маскарпоне
250 мл слатка павлака
2 големи пакувања пишкоти
2,5 дл еспресо
Подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќерот во прав. Нека се вари на пареа сè додека не се згусне, отприлика 15 до 20 мин. Откога убаво ќе се олади, додадете го маскарпоне сирењето и измешајте. Слатката павлака изматете ја за да добиете шлаг, а потоа и неа ставете ја во смесата.

Натопете ги пишкотите во кафето и наредете ги во голем сад за торта. Врз првиот ред пишкоти ставете од кремот кој го направивте. Потоа наредете уште еден ред пишкоти, па уште еден ред од кремот.

Нека отстои во фрижидер пред да го послужите

Декорирајте по желба.

loading...