Гардијан за Охрид: Прекрасно парче место на Балканот

АКЦИЈА
loading...

Британскиот печатен медиум „Гардијан“ објави репортажа за Охрид, потпишана од новинарката Џоан О’Конор.

Препорачувајќи го како дестинација за одмор, во делот на рубриката „патувања“, „Гардијан“ дава целосна слика за убавините на Охрид, како и препораки за британските туристи што задолжително да посетат во градот.

– „Виз ер“ неодамна ги лансираше првите директни летови меѓу Велика Британија и Охрид, со што се овозможи отворање на ова прекрасно парче место на Балканот за британските патници. Овој град во Македонија нуди привлечна понуда за посета на културно-историски споменици, кои се остаток од отоманската архитектура, но и византиски цркви, а идеална врска меѓу културата и природата е езерото. Охридското Езеро е опкружено со планини, села и со атрактивни плажи – пишува „Гардијан“ меѓу другото.

Списанието ги издвојува местата како манастирот „Свети Наум“, Заливот на коските, црквата од 13 век на свети Јован на карпите кај Канео, популарните плажи со место за ноќна забава – Кадмо, Куба либре и Бела виста.

Препораки има за места за излегување, каде туристите да се хранат, околу цените кои се нудат за сместување и слично. Како специјалитет кој треба да го вкусат британските туристи, списанието препорачува сарма или свежа пастрмка на жар или скара.

loading...