Проблемот не е во името, туку во македонскиот јазик и националноста

АКЦИЈА
loading...

Проблемот не е во името, туку во македонскиот јазик и националноста, ниеден македонски политичар нема да се откаже од тоа

Валијанатос смета дека на грчкиот премиер Алексис Ципрас му треба оправдување да ја зачува својата влада и уште време за да го заврши својот мандат, во услови кога има голем притисок од ЕУ и од САД за да се овозможи Македонија да стане членка на НАТО и да почне преговори со ЕУ. Според него, Ципрас и покрај тоа што имал разбирање за Владата во Скопје и за барањата за македонски јазик и националнот, како и за сето она што го направи владата на Зоран Заев, се соочува со Грчката црква и со национализмот и тоа на начин што не можеле да го предвидат, бидејќи во владата не се, како што вели, толку умешни.

Валијанатос упатува и критики до министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас, кого го смета за дел од проблемот, бидејќи, според неговите проценки, тој не е за решение кое вклучува македонски идентитет и македонски јазик.

„Затоа и беше смешно кога лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, велеше дека тие се против име што ќе го вклучува терминот Македонија, но му веруваат на Коѕијас до крај”, вели Валијанатос.

Неговата конструктивност во јавноста ја смета за игра што добро ја води бидејќи е политичар од сериозен профил. Сепак, не верува во неговата искреност.

Што се однесува до преговорите, сигурен е дека главниот проблем не е името на Македонија.

„Проблемот не е името. Ова е грчко фијаско што трае речиси 30 години. Секогаш велевме дека проблем е името. Нимиц има мандат за името, излезе со повеќе имиња и сега мислам дека сфати дека проблем не е името, туку јазикот и националноста. Но ниту еден македонски политичар не може да се откаже од овие две работи, а ниту еден грчки политичар не може да ги тргне настрана овие две работи”, вели Валијанатос.

Според него, сега најважно е прашањето кој ќе биде виновен во таканаречената „блејм гејм” ако не се постигне договор. Доколку Грција ја загуби играта, Македонија, вели ќе продолжи со употреба на привремената референца, а подоцна веројатно и со уставното име. Целтa е што повеќе луѓе да сфатат дека проблемот не е во името и да застанат против Грција, а Македонија да добие покана за членство во НАТО.

Ваквиот став го дообјаснува со фактот, како што вели, дека не треба да се заборави на пресудата од Меѓународниот суд во Хаг дека Грција ја прекршила Времената спогодба со ветото во Букурешт. Но, според него реално Грција не стави вето, туку успеа да ги убеди Французите, Италијанците, Шпанците… да речат дека не се согласуваат, поради името, Македонија да влезе во НАТО.

„Кога судот во Хаг излезе со пресудата дека е прекршена Времената спогодба, НАТО ја прифати таа пресуда, ама, сепак, кажа дека има политичка одлука која сѐ уште важи. Затоа е важно да се сфати дека проблемот не е името, туку македонскиот јазик и националност”, ни изјави Валијанатос.

На коментарот дека додека сфатат другите во што е проблемот, Македонија може да пропушти уште еден самит на НАТО, тој вели дека НАТО треба да одлучи дали ова одлагање на решението е заради Македонците и на крајот да рече дека Грците не можат да спречат едногласна одлука поради пресудата од Хаг.

Убеден дека светот ќе ја сфати суштината на проблемот и дека Грција ќе ја загуби играта на префрлање на вината, Валијанатос не очекува утре, ако се случи најавуваниот телефонски разговор, да се постигне успех бидејќи, според неговите проценки, Заев ќе каже дека не може да се согласи на промена на македонскиот јазик и националност.

Што се однесува до информациите дека последниот предлог вклучува сменето име, но задржан македонски јазик и националност, Валијанатос вели дека „тоа е нешто со кое ниту еден грчки политичар не може да живее. Ципрас можеби и би прифатил такво нешто, но знае дека повеќе нема да биде премиер и дека тоа за него ќе биде пораз во Грција”.

loading...