„Њусвик“: Македонија e рај за инвеститори, пекол за работници

АКЦИЈА
loading...

Под насловот „Рај за инвеститори –пекол за работници“ српскиот весник „Њусвик“ кој е издание на реномираното американско списание пишува репортажа за правата на работниците во Македонија.

Македонија-земја со евтини работници. Власта во Скопје не се двоуми со тоа да привлече инвеститори и уште да ги награди со богати инвестиции, пишува српскиот „Њусвик“.

Репортажата Њусвик ја прави во странска инвестиција во Кавадарци, каде работник сведочи дека работи за 180 евра, има само 20 минути пауза дневно, а климите во фабриката се исклучуваат за да се заштеди струја.

Скромно, добро облечен, насмеан, но видно преморен. Изгледа како да чекори во петтата деценија на животот, но има 35 години. Горан мора да порани за да го стигне фабричкиот автобус кој секое утро го вози до работното место. Живее во Велес, а работи во близина на Кавадарци, во германски Дрекслмајер, голем произведувач на делови за автомобили.

Горан работните денови ги поминува на нозе, чекајќи автобус, стоејќи внатре затоа што нема седишта, во погонот на фабриката каде може да одмори само за време на 20 минутната пауза.

„Напорно е, но мора да се турка. Немам избор. Цел ден сум на нозе за 180 евра месечно. За работа за викенди и празници се добива нешто ситно плус. Физички издржувам, но да ви кажам психички веќе попуштам“, раскажува тој.

Тој е еден од ретките кој е подготвен да проговори за она што се случува и за изживувањето од странскиот инвеститор, па затоа неговиот идентитет е скриен под името Горан.

Убеден е дека ако со име и презиме зборува јавно за нечовечните услови за работа, ќе ја изгуби работата. Тој објаснува дека клима уредите во лето се исклучуваат во 14 часот, се штеди струја, работата е напорна.

Истото го потврдуваат и работници од други фабрики на странски инвеститори. Велат дека постојано доаѓаат нови работници, но ретко кој ќе издржи.

loading...