МВР распоредува обзбедување пред домовите на пратениците пред потпишување на договорот за името?

АКЦИЈА
loading...

Во моментов МВР распределува полициски безбедносни сили пред домовите на сите функционери на СДСМ кои се дел од Владата и Собранието на Република Македонија, пренесува „Инфоњуз“. Причина за ова најверојатно е промената на името на државата и фактот што јавноста за само неколку часови треба да биде информирана за финалниот исход од преговорите за името.

Ова само покажува дека  договорот содржи сериозни импликации врз суверенитетот, јазикот, опсегот на употреба на зборот Македонски, а захтева и Уставни измени и други барања кои ќе бидат на штета на Република Македонија.

Веројатно ќе има многу непријатни изненадувања, па пратениците се исплашени од гневот на народот.

Претседателот на владата Зоран Заев е цврсто решен да попушти по секоја цена само да го оствари ветувањето кон оние кои го донесоа на власт во Македонија.

loading...