Џамија ќе се гради во Ѓорче Петров?

АКЦИЈА
loading...

Надзорен одбор преку социјалните мрежи повикува на донации за изградба на џамија во Ѓорче Петров, поточно во ромското маало во Даме Груев. Од општината Ѓорче Петров за „Нетпрес“ информираат дека нема да се гради џамија.

Според видеото во прилог може да се забележи и конкретната локација за изградбата на џамијата, и посочени лица како благајници за собирање пари за изградба на верскиот објект.

Според официјално објавените податоци бројот на Роми кои живеат во оваа скопска општина е 1249, односно помалку од 2 проценти.

На социјалните мрежи граѓаните го споделуваат видеото со коментар дека изградбата на ваков верски објект е едно од ветувања на градоначалникот Александар Наумовски кое тој го дал пред локалните избори минатата година.

loading...