Рецепт: Страчатела торта

АКЦИЈА

Инспирирана од зададената тема, решив да создадам некој нов рецепт што досега не сум го направила. Успешна мисија, тортичево го снема за час….

Подготовка
1. Јајцето и шеќерот ги матиме додека да се потстопи шеќерот. Додаваме јогурт заедно со брашно, пециво и какао, соединуваме со миксер.
2. Смесата ја истураме во намрсен и набрашнет калап со обрач бр. 24.
3. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 10 минути. Тргаме на страна да се излади, за тоа време го подготвуваме крем филот.
4. Слатката павлака ја матиме со 50 гр шеќер во прав, ама не до многу цврста состојба. Го додаваме ренданото чоколадо, промешуваме.
5. Желатинот го раствораме во 50 мл вода, па го ставаме на рингла да се растопи.
6. Во јогуртот ставаме ванилин шеќер и го соединуваме и измазнуваме со миксер.
7. Растопениот желатин го додаваме кон јогуртот и матиме со миксер до соединување, па го додаваме кон слатката павлака. Соединуваме и смесата ја распоредуваме врз оладениот пандишпан.
8. Оставаме во фрижидер да се стегне.

Забелешка
Најдобро е да се стегне преку ноќ. Внимавајте кога го затоплувате желатинот, ринглата вклучете ја на најниска температура.

МОИРЕЦЕПТИ

loading...