Еден од обвинетите се онесвести во судница и заврши на реанимација на клиника

АКЦИЈА
loading...

Обвинетиот за обид за убиство на Зијадин Села, Александар Јаневски Тошта се онесвести среде судење. По ова судијката Славица Андреевска даде пауза за потоа да извести дека обвинетиот Тошта е на реанимација на Клиниката за кардиологија.

„Само сè да биде во ред со него”, рече судијката и најави дека ослободениот од обвинение Сашо Сенков ќе го напушти затворот во Шутка.

На денешното рочиште обвинителството направи преквалификација и за еден обвинет одлучи да го повлече обвинението поради недоволно докази, а за двајца да ги гони за насилство наместо за убиство во обид.

На денешното рочиште, надлежниот обвинител до судечкиот совет достави измена на обвинението за овие лица. Постапката против останатите обвинети продолжува без измени во Oбвинителниот акт. Врз основа на дополнителните сознанија, обвинителството презема и понатамошни дејствија за целосно расветлување на настанот во поглед на оштетениот Зијадин Села.

За случувањата на 27 април обвинети се Кире и Цане Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра.

loading...