АМДИ БАЈРАМ НЕ ДОЈДЕ НА ИФТАР КАЈ ЗАЕВ

АКЦИЈА

 Зоран Заев, вечерва организира ифтарска вечера во чест на светиот месец Рамазан. На вечерата беа поканети претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, пратеници и членови на Владата и советниците на премиерот и неговите надворешни соработници и за градоначалниците, припадниците на исламската вероисповед, како и за поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи.

Посакувајќи им добродојде на ифтарот, Заев нагласи дека му е чест да ги пречека своите гости за време на празничните пости, кога семејствата се собираат, пријателите се дружат и се посветуваат на саморефлексија и размислување. Време кога се извршуваат молитвите за меѓусебно почитување, за залагање за правда, за напредок, толеранција и достоинство на сите луѓе.

Заев и градоначалничката на Арачиново, Миликије Халими

-Постот е одрекување од земните и сетилните задоволства што го делат многу вери – вклучувајќи ја и мојата христијанска вера. Тоа време кога го јакнеме духот за да се доближиме до Бога и да се сообразиме со него. Овој духовен подвиг не упатува и на фактот дека промените што сакаме да ги направиме – мора да започнат во нашите сопствени срца и во нашите заедници. На тоа ги учиме децата. За време на овие денови посветени на јакнење на духот, се грижиме за болните и им подаваме рака на сите. Без разлика на нивната верска припадност, истакна премиерот Заев на ифтарската вечера.


Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев уште рече дека подвигот за време на постот и наградата за посветеноста, го помагаат унапредувањето на нашите заеднички желби – да живееме во мир и спокојство и да ги отвориме срцата за радост во семејствата и да шириме добрини меѓу соседите и да ги јакнеме пријателствата.

loading...