Четврт-финале на Ролан Гарос: Ѓоковиќ – Чекинато

АКЦИЈА
loading...

Четврт-финале на Ролан Гарос

Марко Чекинато не можеше ниту да сонува каков престој ќе има во Париз. Италијанскиот тенисер не само што ја преживеа првата натпреварувачка недела на Ролан Гарос туку загази и во втората. И тоа длабоко добро. По елиминациите на Мариуш Копил во првото коло, на Марко Трунгелити во второто, на Пабло Карењо Буста во третото и на Давид Гофан во четвртото, 25 годишниот тенисер од Палермо го „спакува“ и Новак Ѓоковиќ во четврт-финалето. Конечни 3:1 (по сетови: 6:3, 7:6, 1:6, 7:6) за дуел против Доминик Тим за место во големото финале што би било прво негово во кариерата на гренслем турнирите.

Одличниот Италијанец кој изминатите десетина дена го вади најдоброто од себе на „црвената прашина“ во Градот на светлината. Ги освои првите два сета, Ѓоковиќ се разбуди во третиот и убедливо го реши во своја корист за намалување на 2:1. Српскиот тенисер имаше водство и во четвртиот што неговиот ривал, сепак, успеа да го достигне за тај-брејк. Настапи голема борба во која обајцата имаа по три шанси пред Чечинато да ја искористи четвртата за насладување со највредниот скалп на АТП турот.

Противник на Чечинато во полуфиналето ќе биде Доминик Тим кој со максимални 3:0 (по сетови: 6:4, 6:2, 6:1). Во останатите два четврт-финални меча на машкиот турнир во Париз ќе играат Рафаел Надал против Диего Шварцман и Марин Чилиќ против Хуан Дел Потро.

Една полуфинална двојка е формирана и на женскиот дел од гренслемот. Носи американска пресметка меѓу Медисон Киз и Слоун Стивенс по триумфите над Јулија Путинцева (7:6, 6:4), односно, Дарија Касаткина (6:3, 6:1). За комплетираше на четврт-финалната фаза ќе разигруваат Симон Халеп против Анжелик Кербер и Гарбиње Мугуруза против Марија Шарапова.

Ролан Гарос, четврт-финале, резултати

Мажи

Чечинато (Италија) – Ѓоковиќ (20., Србија) 6:3, 7:6, 1:6, 7:6

Тим (7., Австрија) – А. Зверев (2., Германија) 6:4, 6:2, 6:1

Жени

Киз (13., САД) – Путинцева (Казахстан) 7:6, 6:4

Стивенс (10., САД) – Касаткина (14., Русија) 6:3, 6:1

loading...