Отец Тодоров: ДЕМОКРАТИЈА СО ПАТ, ВРЕДНОСТИ, ПАТРИОТИЗАМ и ЦЕЛ!

АКЦИЈА
loading...

ДЕМОКРАТИЈА СО ПАТ, ВРЕДНОСТИ, ПАТРИОТИЗАМ и ЦЕЛ!

Демократијата не е за глупави, мрзливи, незинтересирани, изманипулирани, криминални, корумпирани и безкарактерни луѓе!

Демократијата е политички модел во кој ако не се бориш за ДОБРОТО и НОРМАЛНОТО, ќе победи ЗЛОТО и НЕНАРМАЛНОТО! Зошто? Затоа што додека добрите и нормалните се занимаваат со себе или со ништо, оние другите се занимаваат со политика!
Во светот нема празен простор, нема непроменлива состојба! Или ќе управуваат ДОБРИТЕ во име на ДОБРОТО или ќе управуваат ЗЛИТЕ во име на ЗЛОТО!

Демократијата ни сведочи дека овој свет не е рајска градина, но таа може да ни помогне овој свет да не стане ПЕКОЛ туку пристојно место за живеење каде што ќе ја развиваме нашата ВЕРТИКАЛА (Богоподобност, духовност и етичност) и ХОРИЗОНТАЛА (разумен прогрес, организација и безбедност).

Демократијата се темели на правилниот изборот на секој од нас!
Погрешен ИЗБОР лоши резултати! Вистински ИЗБОР полезни резултати!

Вистинската ДЕМОКРАТИЈА се препознава по тоа што своите граѓани ги подготвува за слободен, зрел и одговорен ИЗБОР!

Лажната демократија се препознава по тоа што своите граѓани ги збунува со митологизиран популизам, нерационалност, непринципиелност, двојни стандарди, корупција и ЗЛОУПОТРЕБА!

Најдобар пријател на демократијата е КОНЗЕРВАТИВНОСТА разбрана како дефинирање на стандарди на квалитет кои се мерка за да не се пропаѓа надоле, туку да се напредува НАГОРЕ!

Духот и движечката сила на демократијата е ХРИСТИЈАНСТВОТО зашто тоа и дава смисла, вредност, мерка и насока и за ВЕРТИКАЛАТА и за ХОРИЗОНАЛАТА!

Зрела и одговорна демократија води кон човечна ЕКОНОМИЈА и силна ЕКОЛОГИЈА!

ДЕМОКРАТИЈАТА на 21 век! Демократија втемелена на СЛОБОДА, БОГОЉУБИЕ и ЧОВЕКОЉУБИЕ!

ДЕМОКРАТИЈА која е одговорна затоа што е конзервативна и христијанска!
Демократија СИЛНА и ЗРЕЛА!
Демократија МАКЕДОНСКА која интегрира без да асимилира!
Демократија СУВЕРЕНА која соработува со сојузници кои ПОЧИТУВААТ, а не УЦЕНУВААТ!

Вчера, 2 јуни 2018 година почувствував и се охрабрив да поверувам дека таква демократија започна да ИЗГРЕВА во срцата и мислите на Македонците по род и државјанство! Демократија СОНЦЕ! Лавовска ДЕМОКРАТИЈА!Демократија што БЕСКОМПРОМИСНО ќе се штити од сите кои ќе сакаат да ја ЗАТЕМНАТ, и од надвор и од внатре!
Демократија со ПАТ, ВРЕДНОСТИ, ПАТРИОТИЗАМ и ЦЕЛ!

Пишува: Презвитер Ивица Тодоров

loading...