НАРОДОТ БИЛ „ИЗЛЕАНА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА“: Синот на пратеничката од СДСМ Мира Стојчевска, се огласи на Фејсбук

АКЦИЈА
loading...

Недолични коментари и навреди, вака реагираше „имунолошкиот“ систем на СДСМ и партиските функционери од владејачката партија, веднаш по завршување на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ пред Владата на Р.Македонија

Во услови на притисоци, закани и заплашувања со бркање од работа или друг вид на реперкусии, преку 60.000 граѓани од кои најголем дел од Скопје вечерва кажаа големо „Не“ за политиките на актуелната власт.

Ова предизвика силна реакција кај владејачката партија, а поединци во недостаток на зборови, образование или соодветно ниво на интелегенција почнаа да шират навреди за насобраните луѓе.

Меѓу нив е и синот на Мира Стојчевска, пратеничка на СДСМ од Делчево која пред две недели ги навредуваше посиромашните граѓани, велејќи дека тие немале потреба од дизел затоа што немале автомобили, а дека нафтата треба да биде луксуз само за богатиот слој на граѓани.

„Хибернирани кретени по улиците на Скопје“ – гласеше статусот на Виктор Стојчевски, син на пратеничката од СДСМ Мира Стојчевска, на неговиот ФБ профил по завршувањето на протестот пред владата организиран од ВМРО-ДПМНЕ.

Како тоа да не беше доволна навреда, тој продолжува во коментари да додава дека народот всушност бил „Излеана канализација фекална“, споредувајќи ги граѓаните со фекалии.

Ваквиот однос не е ништо ново за СДСМ, туку само континуитет на арогантноста и надменоста со која мислат дека се над „обичниот“ граѓанин.

Набрзо по објавувањето, Стојчевски го избриша статусот од Фејсбук.

loading...