Или отстранување, или легализација на „Воинот на коњ“ и порта „Македонија“

АКЦИЈА
loading...

Дали продолжува одмаздата на актуелната кон мината власт. Споменикот „Воин на коњ“ и порта „Македонија“ биле дивоградби и затоа требало или да се срушат или да бидат легализирани, вели претседателот на Асоцијацијата на архитекти Мартин Пановски, кој беше дел и од Комисијата за анализа на проектот „Скопје 2014“.

Пановски вели дека сега власта требало да одлучи дали ќе го почитува законот или не.

Силна осуда од уметничката фела. Велат спомениците во никој случај не треба да ги рушат. Тие што сакаат да се урнат, со тоа ја рушат историјата на македонскиот народ и на сите граѓани, реагира уметникот Ацо Станковски. Вели недозволиво е Министерството да ангажира работни групи, а притоа да не биде познат начинот на кој се правела селекцијата на експерти, но и на што се заснова анализата за изготвените елаборати.

Работната група која врши ревизија на проектот „Скопје 2014“, на листата го стави и музејот на ВМРО. Комисијата нема да го поштеди ниту споменикот лоциран на плоштадот карши музејот. Се прави детални анализи на проектот дел по дел околу спорните споменици, по што ќе започне со рушење.

Според работната група, на тапет се ставени и група од 30-тина скулптури, кои биле поставени од 2008-2010 година.

Историчари за Алфа веќе предупредија наместо политизација на споменичните обележја, институциите да го слушнат мислењето на стручната фела околу заложбите на историските личности

Колку за потсетување, екс министерот Роберт Алаѓозовски уште пред два месеци кога беше на функција, рече дека нема да се руши споменикот „Воин на коњ“. Останува отворено прашањето – Дали ова е причината, односно гревот што Алаѓозоски остана без министерското место во културата, односно без неговата удобна фотеља.

loading...