60 000 граѓани побараа оставка од Заев (видео)

АКЦИЈА
loading...

Шеесет илјади граѓани кои вчера присустуваа на протестот кој го организираше опозициската ВМРО ДПМНЕ пред Владата побараа во еден глас оставка од актуелниот премиер Зоран Заев.

– На една година од оваа ненародна власт, на една година откако Зоран Заев и неговите роднини и сопартијци ја преземаа како што ја преземаа власта, дојде време, дојде време да се собереме, во вистински час, денеска е тој ден!

Помина една година во која ненормалното го прикажуваа како нормално. Кога лапсузите и гафовите на Заев станаа вицови и секојдневие, затоа што веројатно за сите нив е исто дали е Словенија или Словачка, дали е брејн дрејн или е брејн сторминг, и ај ќе си рече човек Заев е навикнати сме, но тоа само покажува какви квалитети има овој човек, но најлошо од се е, што кога рече но дискасити фор идентити, сепак сфаќаме дека тој не само што разговарал за идентитетот, туку и си одлучувал од свое име што ќе прави со нешто што не го поседува. Тоа е нешто што е на сите нас, но и на оние пред нас, но и на оние после нас. Ние сме браќа и сестри пред сериозен тест на историјата, на народот, но и пред духот и делото на старите и идните генерации и поколенија – рече синоќа во говорот лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Снимка од антивладиниот протест

Не ви се плашиме! ВМРО-ДПМНЕ не се плаши! Не се плаши кога Македонија е во прашање и иднината на нашата земја, нема страв и нема предавање! Hristijan Mickoski

Публикувахте от ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО в 2 юни 2018 г.

loading...