Ова се новите четворица министри во владата на Заев

АКЦИЈА
loading...

Собранието на Република Македонија ги изгласа новите четворица министри во Владата.

Рената Тренеска Дескоска е нов министер за правда и за нејзиниот избор гласаа 67 пратеници, а против беа 23.

Новиот министер за образование и наука е Арбр Адеми чиј избор го поддржаа 67 паретници, а 25 беа против.

За новиот министер за култура Асаф Адеми гласаа 66 пратеници, а против беа 23 и за новиот министер без ресор Бардул Даути 65 пратеници гласаа „за”, 26 беа против и еден воздржан.

Веднаш по гласањето новите министри дадоа свечени изјави.

Пратениците во Собранието ги изгласаа и новите четворица заменици министри чиј избор беше последна точка од дневниот ред на собраниската седница.

Нов заменик министер за надворешни работи е Андреј Жерновски за кого гласаа 67 пратеници, а 20 беа против.

За Асим Муса кој доаѓа на местото заменик министер во Министерството за здравство гласаа 67 пратеници, 19 беа против, а еден беше воздржан.

Ѓонул Бајрактар е избран за нов заменик министер за труд и социјална политика со 64 гласови „за”, 16 против и 3 воздржани, а Садик Беќири ќе биде заменик министер за транспорт и врски откако неговиот избор го поддржаа 64 пратеници, а 18 беа против.

Претходно Собранието избра нови четворица министри во Владата. За нова министерка за правда е избрана Рената Дескоска, за министер за образование и наука Арбр Адеми, за култура Асаф Адеми и за министер без ресор Бардул Даути.

loading...