Од денес во Баварија е задолжително да има крст во сите јавни установи

АКЦИЈА
loading...

Од денеска, сите државни институции во Баварија мораат да постават крст во своите објекти- што значи дека секој кој предава документи за данок, пријавува нешто во полициска станица, или влегува во административен суд ќе биде поздравен од крст.

„Од денеска обврската стапува во сила и ние сме апсолутно сериозни во намерата да ја спроведеме“, изјави за ДВ, Мартин Шолтисик, портпарол на баварското министерство за внатрешни работи. Тој не објаснува дали се предвидени казни за институциите кои ќе одбијат да постават крст, но признава дека во министерството очекуваат отпор.

Се бара: „јасно видлив крст“

Новите правила за државните институции сега наведуваат: „Јасно видлив крст мора да биде поставен во влезниот простор на секоја сервисна зграда за да служи како потсетник за историското и културно влијание на Баварија“. Баварскиот премиер Маркус Зедер ги објави новите правила на крајот на април со драматичен потег- поставувајќи крст во баварската државна канцеларија.

Најавата предизвика голема дебата во Германија и предизвика критики од студентите, но и од првите луѓе на Протестантската и Католичката црква, кои ја предупредија владата да не го злоупотребува крстот.

Иако започна со голема врева, се чини дека многу локални власти во Баварија се обидуваат да го минат 1. јуни колку е можно потивко.

Баварскиот премиер Маркус Зедер поставува крст во покраинската влада

Дел од стишаните реакции се должат и на конфузијата околу новото правило. Покраинското министерство за внатрешни работи го бранеше недостатокот на конкретни инструкции за големината и местото на кое треба да биде поставен крстот, наведувајќи дека секоја институција треба да реши самостојно.

Терминот „сервисна зграда“ или “Dienstgebäude” на германски, исто така е проблематичен. Се работи за широк поим кој практично ги опфаќа сите згради во кои се сместени владини и административни служби кои се под контрола на баварската влада.

Покрај полициските станици и локалните даночни канцеларии, тоа технички опфаќа и некои музеи, театри, училишта и универзитети. Уметничките музеи и некои културни институции во Баварија се особено отпорни на ставање крстови во нивните влезови, и велат дека тоа ја нарушува нивната мисија.

Целиот текс прочитајте го на Дојче Веле

loading...