Грчки проглас до грчките патриоти

АКЦИЈА
loading...

Официјално, приказната што Грција ја сервира пред меѓународната јавност, како и нашата влада пред нас за да ги оправда капитулациите во позициите во преговорите за името, е дека Грција се плаши од македонскиот иредентизам, и дека кога таа закана ќе биде отстранета, Грција ќе дозволи во Македонија да цветаат рози.

Но за да ја разбереме вистината зад таа маска (ако уште не сме ја разбрале), најдобро е да погледнеме во изворните погледи на нештата, што значи низ очите на грчките патриоти. Па да видиме како звучи еден нивни проглас:

ЦЕЛТА ГИ ОПРАВДУВА СРЕДСТВАТА!

Грчки Патриоту!

Забрани им на улица, во кафеана, на работа, до тебе, СЕКАДЕ, да зборуваат на ‘влашки’, ‘македонски’, итн.

Искини им го секој документ што ќе ти падне пред очи.

Употреби ги СИТЕ СРЕДСТВА за свесните или несвесните инструменти на странците кои ги употребуваат овие „јазични“ измислици да сфатат дека:

ОВДЕ Е ГРЦИЈА

и дека во неа има место само

ЗА ГРЧКИ ЈАЗИК

Скрши ги КАКО И ДА МОЖЕШ плановите на непријателите на твојот народ.

ЦЕЛТА ГИ ОПРАВДУВА СРЕДСТВАТА!

*Објавено во: Jim Hlavac and Victor Friedman “On Macedonian Matters, From the Partition and Annexation of Macedonia in 1913 to the Present”, SLCCEE, 2015, p. 160.

Линкот на Фејсбук

loading...